Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

10 декември, Меѓународен ден на човековите права

10 декември 2020, Меѓународен ден на човековите права

„Работничките права се човекови права!“

Почитување на човековите слободи и владеење на правото се уредени и загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и со тоа нашата држава влегува во редот на држави кои функционираат во услови на политичка демократија. Човековите права и слободи се основа на правдата и мирот во светот, а работничките права се најважен и неизоставен дел од нив. Заштитата и унапредувањето на работничките права се обврска и статутарна определба на Сојузот на синдикатите на Македонија која континуирано се спроведува.

Предизвиците од заразната болест Ковид-19, оваа 2020 година уште еднаш го потврдија значењето на синдикалниот слоган- солидарноста пред сѐ и ја потенцираа потребата од заедничка акција и делување на сите субјекти во државата за работниците и граѓаните да се чувствуваат слободни, еднакви и сигурни.

Очекуваме засилени активности на Владата кои ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги поддржи и унапреди на планот на обезбедување на довербата на работниците и граѓаните во државата, како чувар и заштитник на човековите права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.