Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

100% БОЛЕДУВАЊЕ ЗА РАБОТНИКОТ КОЈ Е ЗАРАЗЕН ИЛИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОВИД-19

Надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид 19, изолација и само изолација поради изложеност на ковид 19 ќе изнесува 100% од основицата утврдена со закон ќе се однесува за сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор.

Се слуша гласот на работниците.

Уште едно барање на ССМ усвоено на вчерашната седница на Владата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека ССМ го поздравува пристапот на Владата и донесениот заклучок, но во исто време побара истиот да биде појаснет, дека надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид 19, изолација и само изолација поради изложеност на ковид 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон ќе се однесува за сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска изјави дека Одлуката важи за сите. Товарот како обврска го превзема Фондот за здравствено осигурување. Остануваат истите правила за првите 15 дена обврската да биде кај работодавачат, а после обврската ја превзема Фондот.

ССМ, поаѓајќи од тешката егзистенцијална состојба во која од почетокот на здравствената криза предизвикана од Корона вирусот, се најдоа голем број на работници со тоа што се заразија вршејќи ги своите работни задачи, односно им беше определена изолација како резултат на изложеноста на вирусот пред се на работните места, предлагаше и смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со Ковид 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид 19.“

Ваквото барање на ССМ беше презентирано до Социјалните партнери во целиот изминат период и укажуваше дека во активностите за сузбивање на заразната болест Ковид 19, покрај здравствените работници, учествуваат и голем број работници од други дејности и институции и заради начелото на еднаквост, рамноправност и еднаква достапност на правото за сите, заболувањето од Ковид 19 кај сите работници изложени на вирусот треба да се третира како професионална болест со право на 100% надомест на плата.

Уште еднаш се потврдува дека преку Социјалниот дијалог кој го води ССМ со Владата, многу лесно може да се изнајдат прифатливи решенија на проблемите со кои се соочуваат работниците.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.