Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

28 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Почитувани,
Македонскиот полициски синдикат денес одбележува 28 години од своето формирање.

Имено, Македонскиот полициски синдикат од своето основање егзистира и функционира како синдикална организација на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање,Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција.

Имено, основачкото собрание на нашиот синдикат е одржано на 29 мај 1992 година, а на 03 февруари 1993 година извршено е запишувањето во регистарот на општествените организации како „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“.

Нешто подоцна, на својот редовен конгрес, почитувајќи ја желбата на мнозинството членови, го променивме своето име во „Македонски полициски синдикат“.

Во периодот кој следува продолжуваме заедно напред со сите 8790 членови. Продолжуваме да работи на полето за подобрување на правата од работен однос,подобрување на социјалниот дијалог и економската состојба на нашите членови..

Ви благодарариме на подршката во изминатите години.

Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.