Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

30 СЛУЧАИ НА МОБИНГ ВО 2020 ГОДИНА, 10 ВО ЈАВНИОТ, А 20 ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Бројот на пријави за мобинг на работно место загрижувачки расте ако се има во предвид дека во ССМ во текот на 2013 година се евидентирани осум, во 2014 седум обраќања, во 2015 година три обраќања, а во 2016 година едно обраќање по оваа основа, а во 2017 и 2018 година до ССМ нема обраќања на членови на синдикатот по основа на вознемирување на работното место, a 2019 година е евидентирано само едно обраќање.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пак, има организирана служба за бесплатна правна заштита за правата од работен однос, вклучувајќи и за правата на работниците по основа на психичко вознемирување на работното место.

Правниците на ССМ ги преземаат сите законски дејства и постапки за заштита на работничките права на своето членство.

Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирување на работнoто место, но од лица што не се членови на Синдикатот.

Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права – информира Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од ССМ појаснуваат дека во врска со обраќањата, правната служба на ССМ давала совети и упатства, во некои случаи биле подготвени обраќања до работодавецот и до лицето што е посочено како вршител на вознемирувањето. Во три случаи биле подготвени тужби, а во еден била водена судска постапка, која е негативно завршена. Во дел од случаите проблемите биле спогодбено надминати по пат на разговор и советување, со учество и посредништво и на синдикалните претставници на ССМ. Од Синдикатот укажуваат и на големи тешкотии во однос на спроведувањето на Законот за заштита од вознемирување на работното место, кој по нивна инцијатива беше донесен во 2013 година.

Оваа година во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Сојузот на синдикатите на Македонија се организира дебата во врска со Законот за заштита од вознемирување на работното место и проблемите во врска со неговата имплементација.

Присутните на настанот укажаа на повеќе проблеми во врска со имплементацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место и дадоа предлози за подобрување на законската регулатива во оваа област – вели Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.