Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

6ТИ ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

11.7.2017

Слика 1. 6ти Форум на граѓанско општество на Западен Балкан

Во организација на Европскиот економско- социјален комитет (ЕЕСК) и Комитетот за следење на земјите од Западен Балкан, во контекст и на одржувањето и на Форумот на Западен Балкан одржан со политичките лидери во Трст, синдикатите од Западен Балкан и претставници на граѓанското општество, на 10 и 11 јули 2017 година одржаа состанок  на кој се расправаше по повеќе теми во насока на односите на ЕУ и Западен Балкан, улогата на социјалните партнери и граѓанското општество во промовирање на одржлив развој и вработување, миграција, слобода на говор и медиуми, права и зајакнување на жените и сл.

На крајот од Форумот беше разгледувано и мислењето и стратегијата за проширувањето на ЕУ, а беа реализирани повеќе билатерални средби помеѓу учесниците. Форумот на Западен Балкан беше отворен од Џорџ Дасис, претседател на ЕЕСК и Андреј Зорко, претседател на Комитетот за Западен Балкан на ЕЕСК.

Учесниците на Форумот ја поздравија потребата од одржување на вакви сесии, каде што се зборуваше за принципите на солидарност, важењето на мирот, кохезијата и слободите на здружување, говор, медиуми и сл.

Во рамките на процесот на приближување, посебно беа истакнати и значењето на вклучување на принципот на инклузивност.

Слика 2. претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на Форумот

Сојузот на синдикатите на Македонија на овој Форум го претставуваше претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, кој имаше посебно обраќање поврзано со значењето, позицијата и улогата на синдикатите, како и искористеноста на капацитетите на синдикатите во процесот на евроинтеграциите. Од негова страна, исто така, беше потенцирано значењето на потребата од институционализирана позиција на синдикатите и на граѓанското општество во процесот на ЕУ интеграциите.

Од страна на претседателот Митревски, посебно беше нагласена потребата дека претставниците на синдикатите и граѓанското општество заради обезбедување на поголема инклузивност во процесот на ЕУ интеграциите, треба да партиципираат и во соодветните форуми на кои учествуваат и политичките лидери од Западен Балкан, со оглед на тоа што темите поврзани со економските и социјалните политики се од исклучителен интерес за работниците во регионот.

Претставниците на синдикатите од РМ, ССМ и КСС и претставниците на работодавачите, ОРМ и БКМ, како и дел од граѓанските организации имаа посебна средба со претставниците на ЕКОСОК и на Европската Комисија надлежни за дејствувањето на ЕКОСОК во РМ, при што договорија повторно започнување на работењето на ЕКОСОК во Македонија, со оглед на тоа што овој процес поради политичката криза беше скоро 2 години прекинат. Договорено е  ваквите средби во интензитет да продолжат од октомври оваа година.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.