Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ЗА АНАЛИЗА ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА УСЛУГИ НА ССМ

Во рамките на Проектот за "Зајакнување на социјалниот дијалог", се спроведува Анализа за потребата за услуги на ССМ.

Анализата за потребата за услуги на ССМ ќе ја прикаже целосната и објективната слика за ССМ и начинот на кој различните чинители (а пред сé непосредното членство и раководните структури) го перцепираат синдикатот.

Резултатите од истражувањето ќе го утврдат степенот на задоволство на членовите на ССМ од постоечките услуги кои ги нуди синдикатот и ќе ја прикажат потребата на членството од воведување на нови услуги.

Целта на истражувањето е да се спроведе:

1. Краток дијагностички преглед на ССМ (проаноѓајќи ги неговите посилни и послаби страни, можности и закани)

2. Да се изработат предлози/препораки за унапредување на постоечките синдикални услуги и да се разработат нови, наменети за постоечките и потенцијалните членови на ССМ

*Колку се подобри услугите кои ССМ им ги нуди на своите членови и колку посоодветно ги одразуваат нивните потреби, толку ќе биде подобра положбата на членовите и заштитата на нивните права од работен однос.

*Колку е подобра положбата на членовите на ССМ и заштитата на нивните права од работен однос, толку повеќе ќе се зголемува членството во ССМ.

*Колку повеќе се зголемува членството во ССМ, толку повеќе ќе се подобрува финансиската одржливост на синдикатот и неговото присуство во јавноста.

*Колку ССМ е поприсутен во јавноста, толку е поголем просторот да влијае врз креирање на економски и социјални политики во корист на работниците.

 

Силен ССМ – Силни Работници!!!

 

Ве молиме, пополнете го On-Line Анкетниот Прашалник и придонесете кон заложбите на ССМ за зајакнување на неговите капацитети!

Линк: https://kwiksurveys.com/s/QcLaX4Vd#/0

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.