Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Апел за хуманитарна акција за помош

Почитувани,

Споделуваме со вас информација за хуманитарната акција за помош на настраданите во подрачјата погодени од поплави во скопско и тетовско, која секако може да ја споделите и во вашите организации/институции, со вашите членки и со компаниите со кои соработувате, како и преку вашите веб-страници или профили на социјалните мрежи. 

Од основните намирници и продукти, најпотребна во моментов е флаширана вода, храна (стерилизирано млеко, храна за бебиња, двопек, конзерви, наполитанки), свеќи, антибактериски марамчиња или течност за раце, други средства за хигиена, пластичен прибор за јадење, гумени чизми, ќебиња, топла облека. Ваквиот тип на помош може да се предаде во:

  • магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 02/3 096-227),
  • во основното училиште „25 мај” (02/2521-395, 02/2520-673) во Гази Баба на Алија Авдовиќ бр 6 во Ченто, како и
  • секој ден од 8 до 22 часот во основните училишта во општина Аеродром.

Потребни се и волонтери кои на терен би се вклучиле во организирани акции. Сите заинтересирани да помогнат на овој начин може да се пријават на тел. 02/322-6655 или да дојдат во просториите на општина Гази Баба (ул. Архимедова 2) во 10, 13 и 17 часот каде што организирано ќе бидат однесени до населените места каде се организираат акциите.

Потребна е и градежна механизација и пумпи за вода, па компаниите кои располагаат со ваков тип на опрема можат да помогнат со нејзино вклучување во акциите.

Паричната помош може да се донира на следниот начин:

  • Донирање со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 (секој повик донира 100 денари + ДДВ)
  • Донирање денари на жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
  • Донирање странска валута на следнава сметка:
    • NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
    • BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    • BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    • BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    • SWIFT CODE: KOBSMK2X
    • IBAN CODE: MK07300701000001228

 

Сојуз на синдикатите на Македонија

                Претседател

        д-р Живко Митревски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.