Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ШТИП

Сојузот на синдикатите на Македонија упатува апел до Општинскиот кризен штаб – Штип, Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, како и до сите надлежни институции, при носењето на Одлуки за затварање на компаниите, а се со цел заштита на јавното здравје, да водат сметка и за правото на соодветна заработувачка на работниците и истите во време кога нема да работат компаниите да бидат платени како во деновите кога би оделе на работа.

Укажуваме дека за стратегиите, политиките и одлуките кои заеднички ќе ги донесеме, одговорноста на сите ќе биде поголема, а отчетноста задолжителна.

Работодавачите се должни да ги преземат сите мерки за заштита на здравјето на работниците како на работните места така и при организирање на превозот на работниците од и до работните места, а во спротивно истите подлежат на одговорност за последиците на здравјето на работниците за што во последниот период сите сме сведоци

Апелилраме до инспекциските служби поажурно и навремено да ги преземаат сите законски мерки за спречување на вакви појави.

Потсетуваме дека правото на соодветна заработувачка определено во одредбата од член 32 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија е економско право на работниците и никој неможе истото да им го скрати спротивно на Закон и Колективен договор.

Согласно Законот за работните односи член 112, ст.1 „Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. “, а согласно точка 9 од истиот член „Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи.“

Сега кога работниците повторно се на своите работни места, Безбедноста и здравјето при работа мора да биде најважен приоритет.

Заштитата на работникот од Covid-19, значи и заштита на здравјето на неговото семејство, заштита на јавното здравје и здравјето на сите нас.

Нема да дозволиме „новото нормално“ време да значи намалени плати на работниците, откази и непочитување на правата од работен однос.

Ги охрабруваме работниците, синдикално да се организираат, да пријавуваат секакво кршење на работничките права, за да може ССМ заедно со Вас да спречи вакви негативни појави и кршење на работничките права во иднина.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.