Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

БАРАЊЕ ДО РАБОТОДАВАЧИТЕ: ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН

БАРАЊЕ ДО РАБОТОДАВАЧИТЕ

ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН

▶️Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работодавачи, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

▶️Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место.

▶️Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.