Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Барање на синдикатот за превентивни мерки при високи температури

Сакаме да ја известиме целата јавност дека денес Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП достави барање за превентивни мерки при високи температури. Ова барање истовремено е доставено до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика (Државен инспекторат за труд) и Организацијата на работодавачи на РМ. Во прилог истото кое можете да го споделите ...

Спрема временската прогноза, во нашата земја се предвидува топлински бран од повисок ранг. Особено високи температури (до 40 оС) се очекуваат во приод 02-05.07.2019та година. Од овие причини како едниствен репрезентативен СИНДИКАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ИНДУСТРИЈА И ПРОЕКТИРАЊЕ НА РМ, ги препорачуваме следниве превентивни мерки и воедно бараме:

• Да не се изложуваат работниците на работа на отворено (под директно зрачење на сонце) во периодот од 11 часот до 17 часот;

• Да се обезбедат течности и одговорните лица да обезбедат поголеми количини на вода;

• Повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски;

. Проверка на техничко - технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и по можност климатизација).

Согласно Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз населението и мерките за Безбедност и здравје при работа, укажуваме дека работодавачите од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита на работниците од високите температури како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во период од 11-17 часот, консумирање повеќе течности и хигиенски начин на подготовка на храната.

СГИП препорачува и бара да горенаведените препораки останат валидни се додека траат високите температури или државните надлежните органи не донесат официјални упатства. Искрено се надеваме на координација помеѓу сите засегнати страни и јавно објавување на вакви барања со Апел ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И ИНДУСТРИЈА ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН!

За крај потсетуваме дека Безбедноста и здравјето при работа за вработените во нашата држава е исклучително важно право и обврска која мора да се спроведува и почитува.

Претседател,

Павел Трендафилов

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.