Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

БАРАЊЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧОЦИТЕ, МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА COVID – 19 (КОРОНА ВИРУС)

Имајќи ги во превид препораките и заклучоците на Владата и Министерството за здравство со кои покрај другото  еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и отсуството за време на тој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.

Оваа препорака мора да се почитува во целост од страна на работодавачите како во јавниот така и во приватниот сектор.

Апелираме до надлежните во Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, секое непочитување на оваа препорака веднаш да биде санкционирано, а секоја појава на спречување на работник кој е родител на дете до 10 години и за кое е неопходна домашна грижа да биде веднаш спречена.

ССМ во име на работниците, секаде каде што ќе добие информација дека не се почитуваат препораките, ќе интервенира и пријави  до  надлежните инситуции и ќе настојува истите да ги превземат сите активности во рамките на нивните надлежности и да ги санкционираат сите кои нема да ги почитуваат препораките и мерките.

Во услови на зголемена опасност од  ширење на COVID – 19 (корона вирусот), предлагаме оваа мерка во делот на оправданото отсуство од работа во периодот предвиден со заклучоците и препораките од Владата, да биде регулирана и уредена со брзи измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и Општиот колективен договор за јавниот сектор во кои ќе биде предвидено дека работникот има право на платено отсуство во случаи кои ќе бидат утврдени од страна  Владата и Министерството за здравство со Заклучоци, мерки и препораки и што ќе биде задолжителено за работниците и  работодавачите од јавениот и приватениот сектор.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.