Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Бесплатна правна помош

Сојузот на синдикатите на Македонија на своите членови им овозможува бесплатна правна помош.

Правна помош добиваат само членовите на синдикатите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија, и тоа за остварување на правата од работен однос.

За добивање правна помош членовите можат да се обратат во Советот на ССМ – Одделение за работни односи, правна заштита и колективно договарање, или во месното или најблиското до место на живеење регионално претставништво или канцеларија. Имено, покрај правниците во Одделението во неколку градови во ССМ се вработени посебни правни застапници на ССМ, меѓутоа добар дел од секретарите и координаторите на регионалните единици на ССМ се правници по струка и тие исто така во некои случаи овозможуваат правна заштита. Во секој случај членовите можат да се обратат на било кое место во целата мрежа на ССМ, каде ќе добијат информации за натамошните постапки.

Лица кај кои членовите можат да се обратат или да се информираат за добивање правна помош:

Скопје

Лиле Петрова

и Весна Тодоровска
(Сектор за работни односи, правна заштита и колективно договарање)

моб. 072 307 - 639

моб. 072 277 - 182

тел. 3134-622

Битола Љупчо Василевски моб. 071 393-009
Кавадарци Трајанка Бошева моб. 
Куманово Миле Спасовски моб. 071 234-007
Охрид

Стефчо Маслов

Драган Цветаноски

моб. 075 495-342

моб. 072 277-186

Гостивар Новица Алекиевски моб. 077 742-178
Струга Саше Бајчески моб. 070 727-245
Радовиш   моб. 
Струмица Бранко Георгиев моб. 075 354-543
Гевгелија Снежана Тасова моб. 077 517-656
Штип Стојанче Кашиковски моб. 072 205-435
Велес Елефтерија Ајтова моб. 072 307-637
Тетово Мирослав Павловски моб. 072 307-645
Делчево Даниела Гоцевска моб. 071 443-891
Прилеп Ѓорѓи Багески моб. 070 564-425

 

ВИДОВИ ПРАВНА ПОМОШ

  • Давање правни совети;
  • Изготвување приговори, барања, молби;
  • Поднесување поднесоци до друштвата и установите каде членовите се вработени;
  • Обраќања и други барања до Државниот инспекторат за труд, Управниот инспекторат, народниот правобранител и други државни органи и институции;
  • Приговори до соодветните органи;
  • Изготвување тужби и водење судски постапки;
  • Изготвување поднесоци во врска со судските процеси;
  • Редовни и вонредни правни лекови.
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.