Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИКА ОД ССМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

9.5.2017

По повод Денот на Европа, 9-ти Мај, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, упати честитка до Амбасадорот на ЕУ делегацијата во Македонија, Н.Е. Самоел Жбопгар, 

Ваша Екселенцијо,

Со особено задоволство Ви се обраќам по повод Денот на Европа – 9. Мај, и сакам најсрдечно да Ви го честитам од мое име и од името на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Нашите желби и натаму остануваат да ја негуваме и продлабочуваме заедничката соработка и да придонесуваме Република Македонија да се гради како демократска и социјална држава, да се развива и практикува европскиот социјален модел и преку инструментите на социјалниот дијалог да се постигнува социјална рамнотежа и социјален консензус, прифатливи компромиси меѓу економските и социјалните императиви.

За Сојузот на синдикатите на Македонија, меѓународните трудови стандарди, како универзални извори на македонското трудово законодавство, даваат гаранција за унапредување на правата на работниците и подобрување на нивните работни и животни услови, што, воедно, е една од темелните придобивки за побрза интеграција на Република Македонија во големото европско семејство.

Во оваа смисла уште еднаш ја изразуваме нашата поддршка од страна на работниците и синдикалното движење кон европските вредности и нивните аспирации за побрз прием на Р. Македонија  во рамките на ЕУ.

Со почит,

 

Сојуз на синдикатите на Македонија

претседател

д-р Живко Митревски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.