Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Честитка по повод 28ми август, Денот на рударите

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски во името на ССМ и во негово лично име, на сите рудари  им го честита 28ми август, Денот на рударите.

Сојузот на синдикатите на Македонија и здружените синдикати во ССМ, во континуитет се борат за унапредување на работничките права, условите за работа и материјално- социјалната положба на сите работници во РМ, со посебен акцент на вработените во секторот рударство, кој претставува значајна гранка во целокупното стопанство.

ССМ ќе продолжи и понатаму да се залага за подобрување на животниот стандард на рударите и нивните семејства,  создавање на безбедни услови и заштита при работа, преку континуирана заедничка соработка и солидарност.

Сојуз на синдикатите на Македонија

                 Претседател

            м-р Дарко Димовски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.