- Македонски
- English
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски на сите рудари во Република Македонија им го честита 28ми август, Денот на рударите.
Сојузот на синдикатите на Македонија и здружените синдикати во ССМ, во континуитет се борат за унапредување на работничките права, условите за работа и материјално- социјалната положба на сите работници во РМ, со посебен акцент на вработените во секторот рударство, кој претставува значајна гранка во целокупното стопанство.
ССМ ќе продолжи и понатаму да се залага за подобрување на животниот стандард на рударите и нивните семејства, создавање на безбедни услови и заштита при работа, преку континуирана заедничка соработка и солидарност.