Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Честитка по повод 7ми април - Светски ден на здравјето

Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски на Вас и на Вашите членови Ви го честита 7ми Април, Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници во државата.

Во овие тешки времиња и услови на здравствена криза, здравствените работници се постојано во првите борбени редови, несебично борејќи се да го зачуваат здравјето на сите нас. За нивната посветеност и пожртвуваност им оддаваме длабока почит и искрено веруваме дека сите заедно ќе ја надминеме оваа стресна ситуација.

Принципите на хуманост, солидарност и еднаквост се во основата на функционирањето на синдикатите, а во овие тешки времиња, овие принципи добија универзално значење и станаа принципи од кои зависи опстанокот на сите луѓе во светот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.