Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ - ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски по повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија упатува искрени честитки до сите работници и граѓани на државата.

Денот на независноста, 8-ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Северна Македонија. Овој празник преставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.

Нека е честит  8-ми Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!

Со почит,

Претседател,

м-р Дарко Димовски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.