Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ

По повод 20 јуни, Денот на градежните работници, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија - СГИП, го честита празникот на сите градежни работници во нашата Држава.

Во 1936 година со штрајкот почнува синдикалното организирање на градежните работници, кои ги формираат првите тела и органи. Како нивен синдикат пред нас е голема историска одговорност за продолжување на заштитата на работниците.

Нашите темелни цели се постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во градежниот сектор, повисоки плати и подобри услови за работа.

СГИП мора да притиска државата, најголемиот инвеститор во земјава, да им обезбедува работа на градежните компании.

Евентуалниот колапс на градежништвото би се одразил со домино ефект врз целата македонска економија.

Честитка по повод денот на градежните работници до СГИП и до сите градежни работници, упати и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.