Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 ОКТОМВРИ

Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија и од името на Претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски, на сите граѓани и работници на Република Македонија  им го честитаме 11 Октомври, Денот на народното востание.

11 Октомври, Денот на народното антифашистичко востание  е значаен ден од Македонската историја кој се слави како борба за национална слобода и за остварување на вековните заложби, граѓаните - работниците во Република Македонија да творат и достоинствено да живеат од својот труд, а придобивките од македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата држава како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин и работник ќе има еднакви можности да креира пристоен и достоинствен живот за себе и за своето семејство.

Единаесетти Октомври е симбол, гордост и традиција на Македонскиот народ во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации во Република Македонија.

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател

м-р Дарко Димовски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.