Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН

2.8.2016

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот и национален празник 2-ри Август, Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава.

Прославувањето на овој празник претставува прославување на стремежот и идеалите на генерации Македонци преточени во нивната борба за слободна Македонија, чествувајќи го нивното дело, но и носејќи ја одговорноста за продолжување на борбата за просперитетна, демократска и европска Македонија.

Нека е честит и вековит празникот!

Сојуз на синдикатите на Македонија

          Претседател,

    д-р Живко Митревски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.