- Македонски
- English
2.8.2017
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во свое лично име и во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот и национален празник 2-ри Август, Илинден.
Овој празник претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава, чествувајќи го празникот ја носиме одговорноста за продолжување на борбата за просперитетна, демократска и европска Македонија.
Нека е честит и вековит празникот!
Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател,
д-р Живко Митревски