Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДА ПРЕСТАНАТ ШПЕКУЛАЦИИТЕ И МАНИПУЛАЦИИТЕ, РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР МОРА ДА СЕ ИСПЛАТИ

Обидите за манипулирање и создавање на сомнеж кај работниците од страна на некакви невладини организации кои се кажуваат дека работат на заштита на работничките права па и Државни институции мора да престанат.

РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР МОРА ДА СЕ ИСПЛАТИ, А ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА ВАЖЕЊЕТО НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРНИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СУСПЕНДИРА ОД СТРАНА НА ДРЖАВНИ ОРГАНИ.

РАБОТОДАВАЧИТЕ, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ДА НЕ ЧЕКААТ ДАЛИ ТРЕБАЛО ИЛИ НЕ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИСПЛАТИ РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР И ДА СЕ НАДЕВААТ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ ГИ ОСЛОБОДИ ОД ОВАА ОБВРСКА.

ССМ и ОРМ со потпишување на Општиот Колективен договор веќе кажале дека мора да се исплаќа регресот за годишен одмор.

ССМ како единствен репрезентативен синдникат во Државата очекува работодавачите да ја исполнат обврската за исплата на регрес за годишен одмор така како што е утврдена во Колективните договори, а ги потсетуваме работодавачите дека имаат уште 15 дена до крајот на годината, а потоа конечно очекуваме надлежните инспекциски служби да ги казни оние кои нема да ја исполнат оваа обврска и да ги задолжат со Решение истата да ја исполнат.

Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СЕ ПРИМЕНУВА НЕПОСРЕДНО И Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И НЕМА ИСКЛУЧОЦИ.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.