Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДАРКО ДИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија продолжението на пленарната седница на Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија го  одржа на 6.12.2017 година (среда) со почеток во 12.00 часот во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.

На продолжението на пленарната седница на  Вонредниот Конгрес на ССМ за прв пат во рамките на ССМ и синдикалното движење во РМ присуствуваа 111 од вкупно 113 Делегати избрани од синдикатите здружени во ССМ како и  високи синдикални претставници од Европската Конфедерација на синдикати, првите луѓе  на синдикалните Сојузи од регионот  членки Регионалниот синдикален совет СОЛИДАРНОСТ што претставува потврда за единството, транспарентност и демократичноста во ССМ, а пленарната седница беше отворена за јавноста и за медиумите.

На Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија, Делегатите имаа можност на најпринципиелен, транспарентен, и  демократски начин да направат избор за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија помеѓу двајца кандидати:

м-р Дарко Димовски, претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ). и

Пецо Грујовски, претседател на  Синдикат на работниците од управата, правосудните  органи и здруженија на граѓани на  РМ (УПОЗ).

Делегатите на Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со Одлука утврдија дека заради шпекулациите и изнесените невистини во изминатиот период во врска со изборот на претседател на ССМ, потребно е истиот да биде избран најтранспарентно со јавно гласање на очиглед на гостите на Вонредниот Конгрес и на целокупната јавност и со тоа да се оневозможат шпекулациите за начинот и постапката за избор на претседател на ССМ.

Во моментот на гласањето за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија во салата беа присутни 108 Делегати со право на глас од кои ЗА кандидатот за претседател на ССМ м-р Дарко Димовски, претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ), гласаа 68 Делегати на Вонредниот Конгрес на ССМ.

ЗА кандидатот за претседател на ССМ Пецо Грујовски, претседател на  Синдикат на работниците од управата, правосудните  органи и здруженија на граѓани на  РМ (УПОЗ), гласаа 2 Делагати на Вонредниот Конгрес на ССМ.

По спроведеното гласање согласно резултатот од истото за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија избран е м-р Дарко Димовски, претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ).

По изборот за претседател на ССМ, Димовски повика на единство во ССМ и  истакана дека во идниот период  фокусот ќе биде насочен кон на овие три цели – унапредување на работничките права, повисоки  плати и враќање на достоинството на работниците во Република Македонија. Претседателот Димовски истакна дека реформите во насока на демократизација се неизбежни во Сојузот на синдикати, но дека тоа претставува  интерен проблем кој синдикатите здружени во ССМ  заеднички ќе го надминат.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.