Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДЕБАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Сојузот на синдикатите на Македонија се  организираше  дебата во врска со Законот  за  заштита од вознемирување на работно место .

На дебатата беа присутни претставници од синдикатите здружени во ССМ и претставници на МТСП.

Слика 1. Учесници на дебатата

Излагање на тема „Основна анализа за мобинг - историски и компаративен пристап“ имаа претставници од Институтот за човекови права.

Претставниците на ССМ истакнаа дека законот е донесен во 2013 година на иницијатива на ССМ по пат на социјален дијалог преку ЕСС.

Присутните на настанот укажаа на повеќе проблеми во врска со имплементацијата на Законот за заштита од вознемирување на работно место и даваа предлози за унапредување на законската регулатива во оваа област .

Учесниците на настанот посебен акцент ставија на потребата од превентивно делување, спроведување на обуки за оспособување, односно подигање на свеста на работодавачите, работниците и сите институции во општеството за препознавање на облиците  на вознемирување на работното место, како и начинот и постапката за заштита од оваа негативна појава.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.