Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕДУКАЦИЈА ЗА СИНДИКАЛИСТИТЕ ОД СРСВМ

Слика 1. Претседателот Митревски на семинарот

Во рамките на Програмата за едукација на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на РМ (СРСВМ) и Сојузот на синдикатите на Македонија, синдикатот на СРСВМ организираше семинар посветен на синдикалното организирање, правата од работен однос, колективните договори и системот за безбедност и здравје во секторот сообраќај и врски.

Семинарот беше одржан од 7-9 април 2017 година, во организација на синдикатот на СРСВМ. Истиот го отвори и за актуелните состојби во СРВСМ зборуваше претседателот Методија Димески.

На семинарот присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, кој зборувајќи за едукативниот концепт на ССМ, посебно го образложи и неодамна усвоениот Протокол за социјален напредок.

Обуката и темите предмет на овој семинар ги реализираше доц. Лазар Јовевски од Правниот Факултет Јустинијан I при УКИМ.

На семинарот присуствуваа претставници од сите СО, членки на СРСВМ.

Слика 2. Присутни на семинарот

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.