Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕКС бара крај за политиките на штедење во ЕУ

Европската конфедерација на синдикати (ЕКС) испрати писмо до Европската Комисија во кое бара да се стави крај на политиките на штедење.

Строгите фискални правила на Пактот за стабилност и раст на ЕУ се суспендирани од почетокот на пандемијата, но ние синдикатите сметаме дека по завршувањето на кризата тие не треба повторно да се воведат.

Како синдикати ја поздравуваме одлуката на Европската комисија да ги олесни своите фискални правила и да воведе помош за невработените преку Фондот SURE, но сметаме дека враќањето на старите модели “едноставно не е опција“.

Бараме ЕК трајно да ги измени своите фискални правила, меѓу другото преку голем ЕУ буџет кој ќе овозможи инвестиции и праведна социјална и еколошка транзиција. Исто така, Европската централна банка треба да даде поддршка за демократски договорени фискални цели кои ќе им остават можност на земјите членки на ЕУ целосно да “уживаат во фискалниот потенцијал кој им го овозможува монетарната политика“.

Како синдикати предупредуваме дека ЕУ не смее да ги повтори грешките од кризата во 2008.

-Одговорот на ЕУ за време на финансиската криза во 2008 донесе невработеност без преседан, ги поткопа системите на колективни договори потребни за фер плати, и ги урна јавните услуги од кои сите зависиме. Екстремно десниот популизам е неговото наследство, порача генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини. Од почетокот на кризата со Ковид-19, лидерите на ЕУ “покажаа дека ги научиле лекциите од финансиската криза“, но дека “не смее да има враќање кон политиките кои им даваат предност на буџетските кратења наместо создавањето работни места“.

-Пактот за раст и стабилност не треба само да биде одложен, тој треба длабоко да се смени, да дозволи масовни инвестиции, вели Висентини.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.