Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЕСС ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА РАТИФИКУВАЊЕ НА КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА

Сојузот на синдикатите на Македонија по повод Меѓународниот ден против насилство на жените започна кампања за ратификување на КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 со поддршка на нашите братски синдикати ETUC и ITUC, како и Меѓународната организација на труд - МОТ.

Кампањата која ја водеше ССМ за ратификација на Конвенцијата на МОТ 190 денеска, на седница на Економско социјалниот Совет, едногласно беше прифатена од сите социјални партнери со што ќе се ратификува КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА.

Оваа конвенција ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата, вклучувајќи ги вработените како што се дефинирани со националното право и практика, како и лицата што работат независно од својот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чиишто работни односи престанале, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување, и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавач.

ССМ покажува дека е единствен заштитник на работничките права.

ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ - СТОП ЗА НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.