Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Глобален ден за акција: клима и вработување

Сојузот на синдикатите на Македонија, се приклучува кон одбележување на Глобалниот ден за акција: клима и вработување, организиран од Меѓународната Конфедерација на синдикати.

Климатските промени не знаат граници, а ниту пак солидарноста. Ова е причината зошто и ССМ се приклучува кон Кампањата #CEPOW, која потенцира дека работните места и вработувањето се сериозни грижи за луѓето, па оттука треба да се разговара паралелно и за климатските промени кои имаат директно влијание на вработувањето.

Работниците ширум светот ги покануваат своите работодавачи на отворена дискусија за плановите за одржливи бизниси - безбедност, работни места, емисии, безбедна иднина. Тоа е силата на лидерството што е потребна од сите нас!

Како ССМ ги повикуваме работодавачите да работиме заедно и да креираме иднина со безбедни работни места, одржливи економии, како и безбедна и здрава планета за живеење за сите.

Повеќе информации:

https://www.ituc-csi.org/cepow 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.