Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИДНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЗР

17.2.2017

Во состав на проектот ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”, денеска се одржа состанок на кој присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р живко Митревски, претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, Ангел Димитров и  претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски.

Слика 1: Учесниците на состанокот

 

На состанокот беше разговарано за заклучоците кои произлегоа од студијата направена во врска со функционирањето на бипартитниот социјален дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите како и идните активност кои треба  да се превземат со цел натамошно имплементирање на Законот за безбедност и здравје при работа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.