Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД- 19 ВО ШТИП

По доставени поплаки од страна на работниците до Синдикалната регионална канцеларија на Сојузот на синдикатите на Македонија во Штип, дека во компанијата Баргала потврдени се 2 позитивни случаи со корона вирус и во тек е тестирање на уште еден, во Грантекст потврдени се 6 позитивни случаи на корона вирус, а голем број на вработени користат заеднички превоз и со компанијата Биорејсер. Како и дека овие компании работат без прекин на процесот и без претходна дезинфекција на просторот и покрај пријавата на позитивни случаи, денес Сојузот на синдикатите на Македонија побара да биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот трудов инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за  утврдување на неправилности во работењето на конфекциските фабрики Баргала, , Грантекс и Биорејсер од Штип, каде бројот на новозаболени од КОВИД – 19 - Корона вирус неконтролирано расте. 

Целта на поднесените пријави е да се спречи ескалација на вирусот и да се спречат голем број на несакани последици. 

Уште еднаш апелираме до работниците да се придржуваат до мерките и препораките на Владата, без исклучок, особено при организираниот транспорт, а работодавачите да обезбедат безбедни и здрави услови за работа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.