Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОНРЕДНИОТ КОНГРЕС НА ССМ

Би сакале да Ве информираме дека денес, на 11.11.2017 година, во Охрид, Вонредниот Конгрес на ССМ ја започна својата прва пленарна седница и по завршување на свечениот дел на кој присуствуваа гости од земјата и странство беа утврдени телата и комисиите за работа на Вонредниот Конгрес.

На оваа пленарна седница, по предлог на в.д Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, во насока на зачувување на единството на оваа организација, зајакнување на демократските процеси и градење на ССМ како независна, демократска и инклузивна организација, го повика Вонредниот Конгрес во делот на изборот на Претседател на ССМ, да ја одложи истата, со што ќе се даде можност и на другиот кандидат за претседател на ССМ да учествува при изборот за претседател на ССМ.

В.д Претседателот Димовски побара втората  пленарна седница  за избор на претседател на ССМ да продолжи најдоцна за 30 дена и на истата на најдемократски и најтранспарентен начин да се избере претседател на ССМ и од  предложените кандидати, кои не успеаа да ги исполнат критериумите за предлог за кандидат за Претседател на ССМ.

Со ваквиот потег,  в.д Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски, ја покажа својата доблест и искрен пристап за надминување на состојбите во ССМ и покрај тоа што на денешниот вонреден Конгрес како единствен кандидат можеше да биде избран за претседател на ССМ со присуство на 92 Делегати од вкупно 113.

Со ова се демантираат сите невистини изнесени во изминатиот период во врска со така наречената недемократска постапка за избор на Претседател на ССМ и се потврдува заложбата на ССМ за организирање на фер и демократски избори.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.