Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ М-Р ДАРКО ДИМОВСКИ

Koja ќе биде Ваша заложба како претседател на ССМ, во однос на безбедност и здравје при работа? Koe e вашето видување за постоечката состојба на која што наидовте? Колку се почитуваат правата на работниците за обезбедување на безбедни и здрави работни места?

Обезбедувањето здравите и безбедни услови за работа за работниците се приоритет во ангажманот на ССМ.  Безбедните  услови во компаниите се основна претпоставка  за непречено обавување на работните задачи на работниците , затоа што тие се гаранција за зачувување на животот и здравјето на работниците , подобрување на работењето и зголемување на  продуктивноста на трудот  во компаниите .

Според  Програма за работа на ЕСС до крајот на 2018 година се предвидени активности на социјалните партнери за  измените  на Законот за БЗР.   ССМ како  репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер во Државата , активно ќе учествува  во постапката за донесување на измени и дополнување на  Закон за БЗР во насока на активно  вклучување на работниците , синдикатите и претставникот на работниците за БЗР во решавањето на сите проблеми од аспект на здрави и безбедни услови за работа . Нашите предлози за измена на законот  ќе  произлезат од  предлозите и потребите кои членството ќе  ги посочи во комуникација која се остварува во ССМ и во гранковите синдикати во состав на ССМ. Сите барања на членството , синдикалните претставници и претставниците на работниците за БЗР ќе бидат разгледани, систематизирани и преточени во предлози за измена на законот од страна на органите и телата на ССМ и синдикатите .

Според ССМ , целосното остварување на правата од  аспект на обезбедување на здрави и безбедни услови за работа зависи од унапредување на колективното договарање пред се во компаниите , на ниво на работодавач. Мал е бројот на КДР , или КД  на ниво на гранка , односно дејност  кои ги регулираат овие прашања . Наша цел ќе биде  да се унапреди колективното договарање во овој правец , односно ќе се залагаме сите прашања за БЗР да бидат опфатени и регулирани со КД. На овој начин може и треба да се прецизира и конкретизира улогата на претставникот на вработените за БЗР и синдикалниот претставник на планот на учество во  уредувањето на сите прашања за БЗР.

Според вас, на кое ниво е постигната соработката помеѓу :синдикат – влада –бизнис и граѓанските организации?

Најзначајна соработка помеѓу  синдикатите , претставниците на работодавачите и Владата се остварува на ниво на ЕСС. Сите заинтересирани страни треба да ги поставуваат прашањата и да ги уредуваат политиките од аспект за БЗР на ниво на ЕСС.

Потребно е да се поттикнуваат и активностите на  локалните економско – социјални совети за унапредување на здравите и безбедни услови за работа на локално ниво .

Националниот совет за БЗР , исто така треба да биде место за креирање и уредување на активности и  приоритети  на планот на БЗР .

На почетокот на 2018 година, во партнерска соработка помеѓу МЗЗПР, ОРМ и ССМ, започна имплементација на проект ,,Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за БЗР и донесувањето на одлуките како поддршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ“ . Кое е вашето видување, кои ќе бидат промените потикнати од овој проект? Колку зголемување на капацитетите на граѓанските организации, подобрениот организациски развој влијае на подобрување на реформите и унапредување на БЗР ?

Проектот: „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за БЗР и донесувањето на одлуките како поддршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ“е особено значаен пред се од аспект на заклучоците кои произлегоа од него и за чија реализација треба да се ангажираат сите учесници во проектот. Од проектот произлегува заедничкиот  став  на социјалните партнери дека зголемување на нивните капацитети и капацитетите на граѓанските организации значително ќе влијае на подобрување и унапредување на БЗР во компаниите. Тоа ќе биде наш приоритет во наредниот период . ССМ ќе продолжи со континуираната активност за оспособување на членството и синдикалните раководства за сите прашања од аспект на БЗР . Заклучоците од проектот упатуваат на потребата од активно учество на социјалните партнери во подигнување на јавната свест за обезбедување , унапредување и заштита на правата на здрави и безбедни услови за работа .

Исто така заеднички став кој произлезе од проектот и за чија реализација треба да се ангажираат сите заинтересирани субјекти е преземањето на активности за  унапредување на БЗР преку  соработка и заеднички ангажман на  социјалните партнери , граѓанската и стручната јавност и  инспекциските органи.

Превземено од:  http://mzzpr.org.mk/2018/03/26/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%9...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.