Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНТЕРВЈУ СО д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа интервју со д-р Љубиша Каранфиловски претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

Интервјуто го водеше продуцент Сибел Абдиу од Машина Продукција која во овој период има ангажмани на проект за изработување на документарец, серијал од вкупно шест епизоди, а поврзан со епидемината со Коронавирусот во Република Северна Македонија. За таа цел, тимот кој работи на овој проект, го обави денешното интервју. Покрај претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ д-р Љубиша Каранфиловски, дел од овој документарец ќе бидат и министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, еден од членовите на Комисијата за заразни болести, претставнци од Министерството за труд и социјална политика и други.

Серијалот како проект е поддржан од ЕУ и ФООМ. Истиот се очекува да се емитува во почетокот на месец септември оваа година.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.