Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИНТЕРВЈУ ЗА АЛСАТ-ТВ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ДАРКО ДИМОВСКИ

Од почетокот на кризата ССМ иницира до надлежните државни органи и институции мерки кои треба да се преземат за да се обезбеди заштита на здравјето и животот на работниците и граѓаните. Активно учествуваме во работата на ЕСС, преговараме и се договараме со владата во насока на заштита на работничките и граѓанските права со цел последиците од кризата да бидат што помали и еднакво балансирано распоредени на сите чинители на државата. Наша цел е работниците и нивните семејства да бидат максимално егзистенцијално обезбедени за да можат по надминување на кризата активно да се вклучат во производните процеси и сите други општествени активности.

Во овој период преземавме активности и со нашиот ангажман обезбедивме:

да не се суспендира ЗРО, другите закони од работно правната област и колективните договори

платите на работниците да не можат да се намалуваат под нивото на минималната плата

да не се намалат платите на вработените во јавниот сектор

да не се дава финансиска поддршка на фирми кои имаат отпуштено работници од почетокот на кризата, како и да се овозможи ретроактивно враќање на работа на работниците кои од почетокот на кризата беа отпуштени со цел компанијата да обезбеди услови за добивање на финансиска поддршка од државата. На овој начин на работа се вратени голем број на отпуштени работници.

да се обезбеди заштита на прекарните работници (хонорарци, фриленсери итн), кои се најнесигурната категорија работници и немаат речоиси никакво социјално ниту здравствено осигурување.

да се поништи уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, затоа што вакви додатоци и надоместоци примаат работниците за чија што работа државата има зголемена потреба особено во овој период на криза (инспектори, пожарникари, медиумски работници, шумска полиција, железничари и сл.).

работодавачите ја преземаа обврската за обезбедување на средства за лична заштита и обезбедување на здрави и безбедни услови за работа во компаниите согласно протоколите за заштита од корона вирусот

утврдено право за надомест заради изгубено место во висина од 50% од просечната нето плата

Одложување на плаќање на рати за кредити

нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба.

На иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија донесена е Уредба со законска сила за дополнување на уредба со законска сила за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба Според Уредбата, сите оние коишто останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен престанок на работен однос или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок.

Се разбира потребно беше, а ССМ бараше:

мерката да се продолжи но субвенциите за јунската плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците но за жал тоа не се случи

Исто така се пропушти можноста на работниците заболени од Корона вирус, COVID – 19, работниците кои се во изолација или во само изолација поради изложеност на Корона вирус, COVID – 19, да им биде исплатен надомест на плата за боледување односно надомест за професионално заболување во висина од 100% како и тоа дека:

повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници, а во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден.

Исто така потребно беше соодветно да се наградат и врабитените во полицијата и армијата, медиумите и сите оние кои беа на правата борбена линија со Коронавирусот, согласно барањата на синдикатите.

ССМ од овие барања нема да отстапи се додека истите не се исполнат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.