Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИТНИ МЕРКИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ОТКАЗИ

Почитувани, 

По прогласувањето на Вонредна состојба  на територијата на целата Држава, а во врска со пријавите од голем број на работници дека одредени несовесни работодавачи, ја користат состојбата и планираат откажување на договорите за вработување на работници од цели компании потребно е веднаш (уште во текот на денот) од страна на Владата на РСМ да се донесат овие итни мерки: 

-       Мораториум на сите откажувања на договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини) во период од 60 дена (мерка преземeна од страна на Италија за заштита на работниците и спречување на злоупотреби од страна на несовесни работодавачи кои го користат овој тежок период за лични интереси)

-       Исплата на платите без нивно намалување со одлагање на плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, со тоа што во рок од 6 месеци по надминувањето на тешкотиите односно Вонредната состојба, истите да бидат уплатени во соодветните фондови.

-       Одложување на плаќање на рати за кредити и репрограм за 6 месеци за сите работници, граѓани и компании од приватниот сектор. 

Во овие исклучително тешки моменти, потребна е солидарност и заедништво па поради тоа потребно е вака предложените мерки итно да бидат донесени за никој да не остане без егзистенција и плата во време на вонредна состојба и здравствена криза. 

Ваквата состојба ќе помине, но прашуваме дали работниците во наредниот период ќе им простат на оние работодавачи кои ќе ја злоупотребат ситуацијата за нивната себичност. 

Апелираме да нема отпуштања од работа поради тоа што и вака сериозната состојба може да ескалира во незадоволстсво кое во иднина синдикатите нема да можат да го спречат.   

Со почит,  

Сојуз на синдикатите на Македонија
Бул. 12та Македонска Бригада 2а,
1000 Скопје, Македонија
тел. +389 2 3161 374

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.