Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ ПРИ ССМ

7.5.2018

Слика 1. Членови на ИО на Секцијата на млади при ССМ

Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт-Скопје, на 7ми мај 2018год., одржа конститутивна Седница на Извршниот одбор на Секција на млади при ССМ, на која покрај членовите на Извршниот одбор, номинирани од гранските синдикати здружени во ССМ, присуствуваше и директорката на ФЕС, канцеларија Скопје, Ева Елерајт и претставникот од ФЕС, Ивана Вучкова.

Слика 2. Директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт на отворањето на седницата

На почетокот на Седницата на Извршниот одбор на Секцијата на млади при ССМ, на присутните им се обрати директорката на ФЕС, канцеларија Скопје, Ева Елерајт, која ја истакна важноста за вклучување на младите во сите демократски процеси и делувања на синдикатот, особено во време кога потребата од еднинство помеѓу синдикатите е од клучно значење за развојот на синдикалното движење, како во Македонија, така и на глобално ниво.

 На конститутивната седница на Извршниот одбор на Секција на млади при ССМ, беа верификувани мандатите на членовите на Извршниот одбор, од чии редови, едногласно за нов Претседател на Секцијата на млади при ССМ беше избрана Ирена Ивановска, Сектор за меѓународна соработка во ССМ.

Слика 3. Обраќање на Претседателката на Секцијата на млади при ССМ, Ирена Ивановска

По гласањето на седницата на присутните им се обрати новоизбраната Претседателка на Секцијата на млади при ССМ, Ирена Ивановска, која упати благодарност до Фондацијата Фридрих Еберт, Скопје за поддршката и препознавањето на потребата за реформи во синдикалното движење, токму преку проактивно делување и активирање на Секцијата на млади при ССМ. Во таа насока, примарната цел на Секцијата на млади при ССМ ќе биде формирање на нов модел за функционирање, со цел вклучување на младите во синдикатот и зајакнување на капацитетите на нивното работење во насока на младинските политики, враќање на довербата и подобрување на имиџот на ССМ, истакна Претседателката на Секцијата на млади.    

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.