Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИЗЈАВА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕКС, ЛУКА ВИСЕНТИНИ

Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини во својата изјава по повод Конференција на високо ниво на тема „Нов Закон за работните односи, хармонизација на домашното со Европското трудово законодавство“ на која присуствуваше го истакна следното:

„ЕТУЦ се задоволни за можноста,  да бидат во Скопје и да покажат солидарност на синдикатите во државата. ЕТУЦ го поддржува процесот на започнување на преговори со  Европската унија. Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ на Република Северна Македонија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати. Како ЕТУЦ јасно ја искажавме нашата позиција спрема Европските инститиции за процесот да биде отворен, а во исто време ја охрабруваме Владата, синдикатите и социјалните партнери во Државата да работат на подобрување главно на две полиња.

Првото се однесува на економијата, вработеноста и невработеноста во државата и покрај сериозните напори кои се преземени за зголемување на БДП и зголемување на минималната плата, но и покрај тоа, тоа не е нивото кое што е потребно.

Има потреба од поголеми инвестиции, креирање на повеќе работни места, а исто така потребно е да се постават одредени услови кога станува збор за странските инвеститори кои доаѓаат во државата да експлоатираат евтина работна рака и истите е потребно да ги почитуваат правилата исто како што тоа го прават во државите од каде што доаѓаат.

Потребно е да се креираат повеќе квалитетни работни места за младите луѓе, за истите да не ја напуштаат државата, но исто така потребно е корегирање на платите и тие да бидат на соодветно ниво поради тоа што и минималната плата е се уште далеку од износот на потрошувачката кошничка, а потребно е и зајакнување на колективното договорање посебно во приватниот сектор.

Второто се однесува на реформата на Законот за работните односи. Го поздравуваме социјалниот дијалогот кој е во тек, но во исто време препорачуваме да се задржат позитивните аспекти кои се дел од Законот и процесот да се искористи во насока да се зајакне социјалниот дијалог, да се унапреди процесот на колективно договарање и да се пополнат празнините кои се уште постојат во Законот за работните осноси во насока на Европските директиви и Конвенциите на МОТ.

Голема благодарност до Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Сојузот на синдикатите на Македонија за поканата и за можноста да учествуваме на Конференцијата. Европската конфедерација на синдикати и во иднина стои на располагање доколку тоа е потребно.“

1. Видео од изјавата на Генералниот секретар на ЕКС(ETUC), Лука Висентини

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.