Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТОРИНО ПРОЦЕС 2016

6.7.2016

 

На 06 јули 2016 година во Скопје беше одржана работилница за понатамошните активности за Торино Процес 2016 организирана од Европската тренинг фондација (ЕТФ) и Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија, а присуствуваа и претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Слика 1. Присутните на состанокот

На состанокот присуствуваше претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и тој беше наменет за поддршка на процесот на изготвување на извештај во рамките на Процесот Торино (TRP) циклус 2016, под координација на Центарот за стручно образование и обука.

Торино Процесот може да го разбереме како корисна алатка за анализа на политиките во стручното образование и обука (СОО), како и за идентификување на приоритети и предизвици засновани на социјален дијалог и релевантни докази структурирани во повеќе димензии. Оваа работилница претставуваше продолжение од првата работилница за понатамошните активности за Торино Процес 2016.

Македонија треба да го реализира Торино процесот 2016 како проценка на состојбите во стручното образование и обука. Целта е преку широка и отворена консултација и учество, односно ангажираност на сите релевантни чинители во СОО да се следи прогресот на политиките, односно да се следи имплементацијата на реформите во СОО и да се оцени нивниот прогрес и влијание. Извештајот треба да и служи на земјата како готов документ, база, од каде што ќе се влечат приоритетите за различни активности, развивање на програми за образование и идни проекти.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.