Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОНРЕДНИОТ КОНГРЕС НА ССМ

Ве информираме дека Сојузот на синдикатите на Македонија на 11.11.2017 година ќе го одржи својот Вонреден Конгрес во хотел Десарет во Охрид со почеток во 15.00 часот.

Во врска со претстојниот Вонреден Конгрес на ССМ и информациите изнесени во јавноста за писмото упатено од Европската конфедерација на синидкати од страна на синдикатот на УПОЗ, Ве информираме дека генералниот секретар на ЕКС, г-динот Лука Висентини денес упати писмо до ССМ во кое наведува дека ЕКС ја цени заложбата на ССМ за единство на оваа организација, зајакнување на демократските процеси и дава поддршка на Конгресот и ги поздравува идните активности на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на градење на ССМ како независна, демократска и инклузивна организација.

Со ова уште еднаш се потврдува дека ССМ го организара Вонредниот Конгрес согласно претходно пропишаните правилата, а во иднина, како што е и заложбата на новото раководство на ССМ предводено од страна на в.д претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски, истите ќе бидат изменети во консултација со Меѓународните синдикални организации и Гранските синдикати здружени во ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.