Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ- КОНТИНУИРАН ПРИОРИТЕТ ЗА ССМ

13.9.2016

 

Слика 1. Претседателот Митревски на семинарот

Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, спроведен од МОТ, а финансиран од ЕУ во делот на компонентата за поттикнување на колективното договарање на 13.9.2016г. беше одржан семинар посветен на бипартитното колективно преговарање во секторот градежништво. Покрај претставниците од секторот градежништво од синдикатите и работодавачите, на семинарот присуствуваа и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров и претседателот на БКМ, Миле Бошков.

Во своето обраќање претседателот на ОРМ, Ангел Димитров го истакна значењето и потребата за поттикнување на процесот на колективното преговарање во секторот градежништво. Претседателот на ССМ, д-р Митревски направи историска ретроспектива на процесот на колективно преговарање, задржувајќи се на актуелните состојби и на потребата од потпишување на грански КД во оние сектори каде што тоа не е направено, вклучително и во секторот градежништво. Беа потенцирани и неколку причини за ваквата состојба, укажувајќи на потребата од зајакнување на капацитетите, но и на активно вклучување на сите социјални партнери, вклучително и на државата во делот на процесот на поттикнување на колективното преговарање генерално во сите сектори.

Искуствата за колективното преговарање во градежниот сектор од Холандија и Белгија беа презентирани од страна на експертите Јоба Ван Дер Берг и Вернер Буелен, а за значењето на процесот на колективното преговарање зборуваше и Душан Радиќ, виш експерт за работодавачите од регионалната канцеларија на МОТ во Будимпешта.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.