Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ- ТРАЈНА ОПРЕДЕЛБА НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА

Слика 1. Претседателот Митревски на состанокот

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски на ден 12.4.2017 година во просториите на ЈП Македонски Шуми присуствуваше на работењето на Комисијата за спроведување на колективниот договор во ЈП Македонски Шуми. Согласно заклучоците на седницата на претседателството на овој синдикат, формираната комисија за спроведување на колективниот договор и Спогодбата за спроведување на заостанатите обврски по колективниот договор, Комисијата во мешовит состав ги разгледуваше обврските на синдикатот и на менаџментот на ЈП Македонски Шуми во делот на спроведување на одредбите поврзани со одредени надоместоци во ЈП Македонски Шуми, исплатата на теренскиот додаток и информацијата околу активностите во делот на преструктуирањето на ЈП Македонски Шуми.

На состанокот покрај претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, присуствуваа и генералниот директор на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски, помошникот на директорот, Виолета Бонева и претставниците од синдикатите во Комисијата: Енвер Јашаровски, Љубе Ристевски и Стефан Блажевски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.