Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ- ТРАЈНА ОПРЕДЕЛБА НА ССМ И СИНДИКАТИТЕ

4.7.2017

Слика 1. потпишување на КД на јавната установа Национален Парк Маврово

Синдикатот на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ) континуирано работи на остварување на една од најзначајните определби и цели на синдикатите, а тоа е регулирањето на правата и обврските на работниците и работодавачите преку процесот на колективното преговарање.

Во интерес на остварување на оваа најзначајна определба на синдикатите, на ден 4.7.2017 година, претседателот на СШДЕ, д-р Живко Митревски, претседателот на синдикалната организација на јавната установа Национален Парк Маврово- Маврови Анови, Трпе Матевски и менаџментот на јавната установа го потпишаа колективниот договор на јавната установа Национален Парк Маврово.

Слика 2. претседателот на СШДЕ д-р Живко Митревски и претседателот на СО, Национален Парк Маврово, Трпе Матевски

Колективниот договор на оваа јавна установа претставува темелен документ во кој, покрај што се регулираат меѓусебните права и обврски, јасно содржи одредби во делот на остварувањето и заштитата на правата од работен однос, посебната заштита на одделни категории работници, на начинот на решавање на спорови, регулирањето на односите помеѓу синдикатот и работодавачот, допрецизирање на платите и надоместоците и други исклучително важни прашања, со што се исполнуваат и целите на процесот на колективното преговарање и склучување на колективни договори.

На чинот на склучувањето на колективниот договор беа присутни и претставниците од Националниот Парк Маврово, Адмир Мусаи и Томо Ѓорѓиевски и Стефан Блажевски од СШДЕ.

СШДЕ во смисла на остварување на својата програма околу потпишување на колективни договори на ниво на работодавач, во завршна фаза е да склучи колективни договори во неколку други претпријатија и субјекти.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.