Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Слика 1. Претседателот Митревски на еднодневната работилница

На 14.3.2017 година во организација на Проектот: „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од ЕУ, спроведуван од МОТ, беше реализирана еднодневна работилница посветена на бипартитното колективно договарање во секторот трговија.

Прегледот на колективното договарање во РМ, предизвиците и можностите со конкретен фокус на секторското преговарање и на секторот трговија, беше образложен од страна на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и Извршниот директор на ОРМ, Белинда Николовска. На работилницата, колективното договарање во секторот трговија во Германија беше презентирано од страна на Нилс Бух Петерсен и Ерика Ритер.

Врз основа на ваквите презентации, на работилницата беше развиена и посебна пленарна дискусија за можностите и предизвиците кај колективното договарање во секторот трговија. На работилницата покрај претставници од ССМ беа присутни и претставници од ОРМ, БКМ и КСС.

Работилницата претставува континуитет во спроведување на активностите на социјалните партнери и ССМ во делот на запознавање со добри практики и подигнување на капацитетите за колективното преговарање во ССМ и во синдикалното движење во РМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.