Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОМПЛЕТИРАНО РАКОВОДСТВОТО НА ССМ - ИЗБРАН НОВ СЕКРЕТАР НА СОВЕТ НА ССМ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И МОБИЛИЗИРАЊЕ НА НОВО ЧЛЕНСТВО -

Слика 1. 4та седница на Советот на ССМ

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на својата 4та седница одржана на 21.9.2016 година разгледуваше повеќе точки од дневниот ред, информацијата за дадената правна заштита, склучената спогодба за измени и дополнувања на ОКД за приватен сектор поврзана со зголемување на слободни денови (од 3 на 7) за елементарни непогоди, а воедно беше извршен и избор за Секретар на Советот на ССМ и потпретседател, воедно и член на Извршен одбор, за организирање и мобилизирање на ново членство.

Согласно Статутот на ССМ врз основа на прелогот утврден од претседателството на ССМ за секретар на советот на ССМ во наредниот мандатен период едногласно е избран Методија Димески, претседател на Синдикатот на сообраќај и врски на Република Македонија. Исто така на истата седница едногласно за потпретседател за организирање и мобилизирање на ново членство избран е Роберт Симоноски, претседател на Синдикатот за енергетика и стопанство на РМ.

             

Слика 2. Ново избраниот секретар на Советот на ССМ, Методија Димески и ново избраниот потпретседател за организирање и мобилизирање на ново членство, Роберт Симоноски 

Во своите обраќања двата ново избрани носители на функција ја истакнаа својата благодарност за изборот истакнувајќи ги нивните заложби дека максимално ќе се ангажираат во спроведувањето на програмските цели и определби на ССМ и активно ќе придонесат во остварувањето на програмските активности.

Информацијата за дадена правна заштита на ССМ во периодот јануари јуни 2016 јасно ја отсликува неприкосновената позиција на ССМ во давањето на бесплатна правна помош на членството преку мрежата на правни застапници што ја има територијалната структура на ССМ во текот на извештајниот период. Во текот на извештајниот период евидентирани се 1252 обраќања од членови на здружените синдикати кои побарале правна помош низ територијата на РМ и во централата во Скопје. Во извештајниот период се бележат и активностите на ССМ во делот на законската регулатива и спроведувањето на стратегијата преку социјалниот дијалог да не се дозволи нивно намалување што беше евидентно во текот на овој период. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.