Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

КОНФЕРЕНЦИЈА - ПРЕМИН ПОМЕЃУ ПОСТОЕЧКОТО И НОВОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО

На Првата Конференција организирана од страна на МОТ и Здружението за трудово и социјално право, одржана на 30.10.2019 година, свое учество имаа Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и Претседатели на Гранските синдикати здружени во ССМ.

Слика 1. Претставници на ССМ на Конференцијата

На конференцијата се презентираа и искуства од примената на повеќе други законски прописи, како што се: Законот за работните односи, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници и Законот за социјалната заштита, а се разгледуваа и искуствата на земјите од регионот во областа на работното законодавството и нивното хармонизирање со правото на Европската Унија.

На панел дискусијата - преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Македонија ( состојби, проблеми и предизвици), Слободан Трендафилов, Шеф на Кабинет, ги презентираше заложбите на ССМ во поглед на подготовката на нов ЗРО и го презентираше текстот на нов ЗРО изготвен од страна на ССМ кој е веќе доставен до Социјалните парнери.

Слика 2. Панелисти на Конференцијата

Прелозите и заложбите на ССМ за новиот текст на ЗРО беа поздравени од страна на присутните.

На Конференцијата покрај претставниците на ССМ свое учество имаа и Професори на Правниот факултет од земјава и странство, претседателите на КСС, ОРМ, БКМ и претставник на МТСП.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.