Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конференција за жени на тема: СТОП за насилство и вознемирување на работното место

16.3.2019

На иницијатива на Координаторот на жени при Група 5 на BWI и Заменик Претседател на Европскиот женски комитет на BWI, Ивана Димитрова, се одржа Конференција за жени на тема: СТОП за насилство и вознемирување на работното место - причини и последици во Хотел Гранит - Охрид од 16-17.03.2019та година.

Слика 1. Заменик Претседател на Европскиот женски комитет на BWI, Ивана Димитрова

Ова е само дел од Кампањата на Меѓународната организација BWI која мораме заеднички да ја водиме со цел обезбедување еднакви права и можности на сите жени во светот. Целна група беа 86 жени - учеснички и Модератор на групата Ана Василева. Целната група на семинарот беа жени - членки на СГИП вработени во компанијата ГД Гранит АД Скопје, жени членки на органите на СГИП, претставнички од Сојузот на синдикатите на Македонија и претставнички на синдикатите од регионот и тоа: Синдикатот за градежништво на Србија, Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија на Србија, Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија на Република Српска и Независниот синдикат за патишта на Хрватска.

Слика 2. Учеснички на Конференцијата

СГИП е благодарен на Координаторот на жени при Група 5 на BWI и Заменик Претседател на Европскиот женски комитет на BWI како и меѓународната поддршка од BWI, но и горд на ваков настан и ваков одзив кој ќе стане традиција по повод Меѓународниот ден на жената. Жените учеснички се едуцираат и знаат како да се справат со овој проблем во иднина, но и да го пренесат ова на останатите колешки од земјата и регионот.

Сметаме дека само заедно сме посилни! СТОП за насилство на жените! СТОП за родова нееднаквост! СТОП за дискриминација на работното место!

Слика 3. Кампањата на Меѓународната организација BWI, СТОП за насилство на жените! СТОП за родова нееднаквост! СТОП за дискриминација на работното место!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.