Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конгрес

Конгресот е највисок  орган на ССМ. Конгресот се одржува еднаш на 5 години.

Одлука за одржување на Конгрес на ССМ, на предлог на Претседателството на ССМ донесува Советот на ССМ најмалку 1 месец пред неговото одржување и предлага дневен ред.

Конгресот го сочинуваат делегати избрани од синдикатите и делегати по функција. Бројот на делегатите го утврдува Советот на ССМ врз основа на  членарината на членовите што синдикатите редовно ја уплаќаат во ССМ во текот на меѓуконгресниот период и врз таа основа на бројот на членовите на синдикатите што ги имаат пријавено во Советот на ССМ и во Министерството за труд и социјална политика на РМ, до денот на донесувањето на одлуките за бројот, составот и начинот на изборот на органите на ССМ.

Делегати по функција се: членовите на Советот, Надзорниот одбор и Претседателството кои учествуваат во работата на Конгресот без право на одлучување.

Конгресот го отвора претседателот на ССМ.

Конгресот донесува Деловник за работа и избира Работно Претседателство. За расправата и одлуките се води записник.

Конгресот ги има следниве задачи:

  • донесува Програма за работа и Статут на ССМ;
  • усвојува извештаи за работа, извештаи за материјално-финансиско работење на ССМ во меѓуконгресниот период;
  • ги разрешува членовите на органите;
  • го верифицира мандатот на членовите на Советот на ССМ;
  • го верифицира мандатот на членовите на Надзорниот одбор;
  • избира претседател на ССМ.

Вонреден Конгрес се свикува со одлука  на Советот на ССМ кога тоа го бараат синдикати кои организираат 2/3 од членството кои редовно уплаќаат членарина во меѓуконгресниот период.

Иницијативата за вонреден Конгрес мора да биде образложена.

Иницијатива за вонреден Конгрес се поднесува кога се оценува дека Советот на ССМ не дејствува врз Програмата и Статутот и не ги остварува заедничките програмски цели и задачи.

Делегати на вонреден Конгрес се делегатите кои биле избрани за претходниот редовен Конгрес. За делегатите на кои по разни основи им престанал мандатот, синдикатите избираат нови делегати.

Поднесувачите на иницијативата за вонреден Конгрес предлагаат конкретен и јасно дефиниран дневен ред со образложение. Иницијативата се поднесува до Претседателството и Советот на ССМ.

Иницијативата за вонреден конгрес што не е прифатена може да се повтори за истото прашање во рок не пократок од 1 година.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.