Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

М-Р ДАРКО ДИМОВСКИ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ НА ВОНРЕДНИОТ КОНГРЕС НА ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија на 3.11.2017 година ја одржа својата 8 седница на Советот на ССМ. На седницата на Советот на ССМ беа присутни 46 членови на Советот на ССМ и на истата учествуваа членовите на Советот на ССМ од сите грански синдикати здружени во ССМ.

На седницата, согласно предходно спроведената постапка и Критериумите за предлагање и избор на членови на органите и носители на функции, донесени во февруари 2015 година, кои важеа за  19 –тиот Конгрес на ССМ, Статутот на ССМ и останатите акти на ССМ, беше дискутирано за Одлуката за предлог кандидат за претседател на ССМ за Вонредниот Конгрес на ССМ кој ќе се одржи на 11.11.2017 година, донесена од Претседателството на ССМ.

Советот на ССМ, на одржаната седница, со 35 гласови (ЗА), 8 гласови (ПРОТИВ) и 3 гласови (ВОЗДРЖАНИ) донесе Одлука за утврдување на предлог за претседател на ССМ со која м-р Дарко Димовски, досегашен в.д Претседател на ССМ, е единствен предлог за претседател на ССМ, согласно Статутот на ССМ, Предлогот за кандидат за претседател на ССМ за Вонредниот Конгрес на ССМ, донесен од Претседателството на ССМ и Одлуката за распишување на вонредни избори за избор за Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија донесена од Советот на ССМ.

Утврдениот предлог за претседател на ССМ  во предходно спроведена постапка согласно Критериумите, беше поддржан од 12 грански синдикати здружени во ССМ, односно од 2/3 од синдикатите здружени во ССМ во кои членуваат 43.288 членови и истиот ги исполнува во целост потребните  услови согласно Критериумите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.