Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

на барање на ССМ повторно е обезбедена мерката поддршка за исплата на плати

Барањето на ССМ прифатено, со тоа ќе се спречи најавениот бран отпуштања.

Со поддршката за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември ќе се зачуваат работните места.

Газдите нема да ја злоупотребат дадената помош, туку парите ќе завршат во џебот на работниците, во спротивно кривична пријава и затвор.

На инсистирање на Сојузот на синдикатите на Македонија во новиот четврти по ред пакет мерки повторно е обезбедена мерката поддршка за исплата на плати.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал

Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Со ваквата мерка која се воведе на барање на ССМ, стотици илјади работни места се спасени и обезбедена е помош за повеќе десетици илјади компании.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, досега со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани и околу 20.000 компании.

ССМ од почетокот на здравствената криза укажува и бара сите мерки,  да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност  и загуба на приходи работниците, како  и да се ублажат финансиските загуби на сите.

ССМ во изминатиот период активно придонесуваше преку навремени предлози и барања, со што се спречи поголемо отпуштање на работниците, а истовремено се изборивме како еден од  условите за добивање на финансиската поддршка да биде задолжителното враќање на работниците кои ги изгубиле работните места.

Истовремено по предупредувањето од страна на ССМ, јавно беа објавени имињата на компаниите кои злоупотребија од финансиските средсства кои им беа исплатени од страна на Државата преку мерката поддршка за исплата на плати, а поведени се и кривични постапки. 

Линк од изјавата на Претседателот на ССМ, Дарко Димовски

https://www.facebook.com/ssmmkd/posts/178241710480784

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.