Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА БАРАЊЕ НА СУТКОЗ ВОВЕДЕНИ НЕКОЛКУ МЕРКИ ЗА СПАС НА ТУРИСТИЧКО - УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство,  занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ), во изминатиот период напорно работеше за да ги заштити работниците во најпогодените сектори од здравствената криза, угостителството и туризмот.

Во изминатиот период согласно укажувањата на СУТКОЗ, беа обезбедени ваучери за домашен туризам со што се придонесе да се спречи отпуштање во секторот поради негово неработење во изминатиот период. Овие ваучери, значително придонесоа за одржување на финансиската ликвидност на туиристичките и угостителските капацитети, кои по нивното отварање работат со намален капацитет и понуда поради строгите мерки за спечување од внесување и ширење на КОВИД - 19.

Претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски истакна дека СУТКОЗ имаше свои предлози и за новиот сет на мерки и заедно со ССМ се обезбеди мерката за поддршката за исплата на плати, да продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември со што  ќе се зачуваат работните места.

Дополнително согласно предлозите од СУТКОЗ некои од новите мерки кои се воведуваат  се намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%..Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.Поддршка со плати за туристичките водичи, за поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, се утврди мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година, а исто така мерката - грантови за туристички агенции и грантови за ресторани за свадби – поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност.

Преку намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18% ќе се придонесе за поголема финансиска стабилност за редовна исплата на платите и зачувување на работните места во овој сектор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.